Факти за ракот на дојка


Рак на дојка се карактеризира со абнормални клетки кои растат и ги напаѓаат здравите клетки во телото. Ракот на дојка започнува во клетки на дојката, кои потоа можат да ги нападнат околните ткива со што ракот се шири (метастазира) до другите делови на телото.


Една од осум жени ќе се соочи со рак на дојка во својот животен век.


Рак на дојка е најчесто малигно заболување кај жената и втора водечка причина за смртност кај жената.


Ретко, ракот на дојка може да се јави и кај мажи.


Стапката на смртност од рак на дојка е намалена од 1990 година, делумно тоа се должи на подобар скрининг и рано откривање, делумно на зголемена свест, но и постојано подобрување на опции за третман.


Не ја знаеме точната причина за рак на дојка односно зошто кај една жена се развива рак на дојка, а кај друга не. Единствено знаеме дека ракот на дојка е предизвикан од оштетување на ДНК на клетката.

Ракот расте кога ДНК на клетката е оштетена, но зошто или како ДНК станува оштетена се уште е непознато. Може да се генетски фактори и фактори од животната средина, односно во повеќето случаи, комбинација од двете.


Раната детекција ја намалува смртноста до 30%.


Скрининг значи мамографски преглед на одредена возрасна група на навидум здрави жени, на одреден временски интервал.


Секоја жена треба да прави месечен самопреглед на дојка.