Работна група на млади


Информација за работата на “Работна група на млади“ – специјализанти по радиологија, докторанти и специјалисти радиолози до 40 г

ЦЕЛ

Работната група на млади (РГМ) има за цел да создаде врски и да поттикне соработка помеѓу млади специјалисти и истражувачи во областа на радиологијата на дојка, преку обезбедување меѓународна комуникациска платформа за споделување искуства, размена на идеи и знаења и можности за социјална интеракција. Работната група на млади ќе е активно вклучена во организацијата на курсеви и вебинари со едукативни и истражувачки теми во радиологијата на дојка, како и професионални прашања со кои младите радиолози може да се сретнат. Комитетот на РГМ ќе работи активно во соработка со Извршниот одбор на МЗРД и ќе соработува со други колеги, здруженија и организации.

Претседател д-р Елена Пенева