Добредојдовте на веб страницата на ДОЈКА – Македонското здружение за радиологија на дојка.
Цели и мисија
Македонското здружение за радиологија на дојка (ДОЈКА) е посветено на борбата против ракот на дојка. Здружението поддржува рана детекција на рак на дојка преку: скрининг, дијагностичка и интервентна радиологија, и следење на современи насоки и едукација
ДОЈКА е неполитичко и непрофитабилно здружение со единствена цел борба против рак на дојка користејќи медицински (радиолошки и имиџинг) методи
ДОЈКА ќе биде
- Извор на информации, насоки и препораки за радиологија на дојка наменети за лекари, специјалисти, радиолошки технолози, пациенти, како и медиуми;
- Форум за дискусии на темата рак на дојка.
Здружението има задача да:
- Промовира и создава висок квалитет на медицински и научни стандарди, како и проучување на нормална дојка, патологија на дојка со методи во дијагностичка радиологија, ултрасонографија, магнетната резонанца, други имиџинг и интервентни методи
- Директно помага за намалување на смртноста од рак на дојка преку рана детекција
ДОЈКА ќе ги информира жените во РМ за тековни и нови сознанија за ракот на дојка. Членување во здружението е отворено за сите радиолози и професионалци кои имаат интерес во областа радиологија на дојка. Нашата мисија е
Да мотивираме спасување на животи и третирање на пациенти со рак на дојка со почит и емпатија.
Веруваме дека скрининг намалува смртност.
Сметаме дека современа едукација и медицина базирана на докази е основа за добра клиничка пракса.
Здружението ќе соработува со пациенти, колеги и други организации и здруженија.