Почитувани колеги,
Со задоволство ве покануваме на стручен состанок на МЗРД ДОЈКА кој ќе се одржи во соработка со клиничката болница Аџибадем Систина, на 30ти март, 2019 од 10.00 до 14.00 ч. во просториите на Аџибадем Систина со наслов „Рак на дојка – до каде сме”.
Aгенда:
- 10:00 – 10:30 Краток извештај за работата на МЗРД
- 10:30 – 12:00 Предавања:
- БИ-РАДС класификација, Д-р Светлана Темелковска
- Калцификати во дојка, Д-р Јасмина Чабуковска-Радуловска
- Индикации за МР на дојка, Д-р Маја Стојчевска-Чапова
- Микроскопска евалуација на хистолошки типови на карцином на дојка, Д-р Џенгис Јашар
- 12:00 – 12:30 Пауза / кафе
- 12:30 – 13:30 Дискусија на тема:
- Потреба од овозможување на радиологот да издава упат
- Услови кои треба да ги исполни кабинет за мамографија и ултразвук
- 13:30 – 14:00 Предлог теми за следен состанок:
- Рана детекција на рак на дојка
- Патека односно менаџмент на наод од мамографија и ултразвук
- 14:00 – 14:30 Заклучок од состанокот
Вашите забелешки и идеи се од голема важност.
Заклучоците од дискусијата на темите ќе ги испрататиме до Министерство за здравство, Фонд за здравствено осигурување, Управата за електронско здравство и Советникот за малигни заболувања при министерството за здравство.
Учеството за членовите на МЗРД е бесплатно.
Котизација за останати учесници: 500 денари
Состанокот е бодиран од Лекарската комора на Македонија.
Ве молиме да потврдите присуство најдоцна до 28ми март 2019 на info@dojka.org.mk
Срдечно,
Светлана Темелковска
Претседател на МЗРД
Детали за уплата на членство и котизација за состанокот:
Банка: Комерцијална Банка АД, Скопје
Име на сметка: МЗРД ДОЈКА Скопје
Адреса: Миладин Поповиќ 12, 1000 Скопје
Број на сметка: 300000003965493
Даночен број: 4057016532645
ЕМБС: 7124635