Прво соопштение


Драги колеги,

Во име на ДОЈКА, македонското здружение за радиологија на дојка, чест и задоволство ни е да го објавиме 3-дневниот семинар на тема „Дијагноза на болести на дојка“ на Ласло Табар, кој ќе се одржи за прв пат во Скопје, Македонија, од 9ти-11ти февруари 2017. Срдечно ве каниме да учествувате и да ни се придружите во оваа уникатна можност да се слуша еден од најдобрите радиолози за дојка.

За повеќе информации во врска со курсот, ве молиме пишете ни на info@dojka.org.mk

Добредојдовте во Скопје,

Срдечно,

Светлана Темелковска
Претседател на ДОЈКА