Семинар на Ласло Табар „Дијагноза на болести на дојка“ во Скопје, Македонија, 9ти-11ти февруари 2017


Од 9-11ти февруари 2017, ни беше чест да го организираме нашиот прв едукативен настан – семинар за радиологија на дојка одржан од истакнатиот професор Др. Ласло Табар. Овде може да најдете фотографии од семинарот на Ласло Табар.

Соопшенија

Благодарност

13.02.2017

Драги колеги,

Парафразирајќи еден голем човек – Имавме еден сон. Нашиот сон беше да го видиме професор Ласло Табар како гостин предавач во Скопје, и пресреќни сме што може да кажеме дека сонот ни се оствари.

Би сакала да изразам голема благодарност до професор Ласло Табар за преkрасниот семинар. Семинарот на професор Ласло Табар беше одлична можност да се учи од еден од најдобрите радиолози во светот, што е особено важно за радиологијата на дoјка во Македонија. Истовремено сум многу среќна што толку многу колеги како од Македонија, така и од соседните земји учествуваа на семинарот. Ни беше задоволство да ве пречекаме сите и искрено сум благодарна што бевте дел од овој настан. Доколку имате коментари, пофалби и примедби, слободно контактирајте нѐ преку формуларот за е-пошта на ДОЈКА.

Немаше да биде возможно да се организира овој семинар без помошта на прекрасна група на луѓе, кои сум горда да ги викам не само мои соработници туку поважно, мои пријатели. Благодарам Венко, Жаклина, Маја, Силвија, Адријана и Дамјан.

Се гледаме на следниот едукативнен семинар,

Светлана Темелковска

Последно соопштение

05.02.2017

Драги колеги,

Официјално ја затвораме онлајн регистрацијата за семинарот за дојка на Ласло Табар, Скопје, 9-11 февруари, хотел Мериот. Доколку не сте се регистрирале а би сакале да присуствувате, ве молиме регистрирајте се директно на лице место, за време на семинарот.

Големо задоволство ни е да објавиме дека повеќе од 70 учесници се пријавени за семинарот.

Ви благодариме и ви поскауваме успешен семинар и срдечно добредојде!

Трето соопштениe

26.01.2017
Драги колеги,
Се приближува датумот на 3-дневниот семинар на Ласло Табар на тема „Дијагноза на болести на дојка“, кој ќе се одржи во хотел Мериот – Скопје, од 9ти-11ти февруари.
Голема благодарност до сите пријавени учесници кои Ве има во голем број, а воедно и последен повик до останатите заинтересирани учесници.
Задоволство е да Ви најавиме дека семинарот е бодуван од лекарската комора на РМ и истиот носи вкупно 6,5 бода, а бројот на бодовие ќе биде испишан на сертификатите кои ќе бидат доделени по успешно завршениот семинар.
Напомена: Единствено со платена котизација може да се добие право на учество и сертификат за успешно завршен семинар. Ве молиме да ја доставите потврдата за уплата на котизација (која ја добивате по уплатата) при регистрација во хотел Мериот.

Последен повик до сите заинтересирани учесници во однос на условите за уплата:

  • За уплати до 01.02.2017, котизација за специјалисти е 150 евра, а за специјализанти е 80 евра.
  • За уплати по 01.02.2017, котизација за специјалисти е 200 евра, а за специјализанти е 100 евра.

БОНУС: Успешно завршениот семинар ќе биде заокружен со официјална вечера по иницијатива на ДОЈКА, и тоа на 10.02.2017 во 20:00ч во Националниот ресторан „Македонска куќа“ – Скопје.

 


Поддржано од


Спонзори на семинарот