дојка
Цели и мисија
Македонското здружение за радиологија на дојка – ДОЈКА е посветено на борбата против ракот на дојка. Здружението поддржува рана детекција на рак на дојка преку: скрининг, дијагностичка и интервентна радиологија, и следење на современи насоки и едукација.
ДОЈКА е неполитичко и непрофитабилно здружение со единствена цел борба против рак на дојка користејќи медицински (радиолошки и имиџинг) методи
ДОЈКА ќе биде
- Извор на информации, насоки и препораки за радиологија на дојка наменети за лекари, специјалисти, радиолошки технолози, пациенти, како и медиуми;
- Форум за дискусии на темата рак на дојка.
Здружението има задача да:
- Промовира и создава висок квалитет на медицински и научни стандарди, како и проучување на нормална дојка, патологија на дојка со методи во дијагностичка радиологија, ултрасонографија, мамографија, томосинтеза, магнетната резонанца, други имиџинг и интервентни методи
- Директно помага за намалување на смртноста од рак на дојка преку рана детекција
ДОЈКА ќе ги информира жените во СРМ за тековни и нови сознанија за ракот на дојка. Членување во здружението е отворено за сите радиолози и професионалци кои имаат интерес во областа радиологија на дојка. Нашата мисија е
Да мотивираме спасување на животи и третирање на пациенти со рак на дојка со почит и сочуство.
Веруваме дека скрининг намалува смртност.
Сметаме дека современа едукација и медицина базирана на докази е основа за добра клиничка пракса.
Здружението ќе соработува со пациенти, колеги и други организации и здруженија.
Создаваме повисоки стандарди во радиологијата на дојка
Македонското здружение за радиологија на дојка – ДОЈКА е непрофитно и неполитичко здружение посветено на раната детекција и современата дијагностика на ракот на дојка. Нашата мисија е да го намалиме морталитетот преку скрининг, дијагностичка и интервентна радиологија, следење на современи насоки и континуирана едукација. Како извор на стручни информации и форум за професионална дискусија, промовираме високи медицински и научни стандарди и ја поддржуваме јавноста со точни и актуелни сознанија. Веруваме во медицина базирана на докази, во почит и сочуство кон пациентите и во соработка со колеги, пациенти и организации.
Тимот на здружението
Основачи на ДОЈКА:
- Светлана Темелковска
- Весна Гершан
- Розалинда Исјановска
- Жаклина Чагороска
- Силвија Ивановиќ-Бушиновска
Светлана Темелковска – Претседател на здружението
Јасмина Чабуковска – Заменик претседател
Маја Јакимовска-Димитровска – научен одбор
Маја Јакимовска – генерален секретар
Пранвера Рамадани – млади радиолози

