Македонското здружение за радиологија на дојка (MSBR) со задоволство
ја најавува својата Годишна научна конференција, посветена на
унапредување на знаењата и практиката во областа на радиологијата на
дојка.

Фокусот на конференцијата оваа година е скринингот за карцином на
дојка, со акцент на современите дијагностички стратегии, докажаните
методи во клиничката пракса и идните насоки за рано откривање на
болеста.

Со особена чест најавуваме учество на истакнати меѓународни експерти:

Prof. Dr. Pascal A. T. Baltzer (Medical University of Vienna, Austria)
– еден од водечките европски експерти во радиологијата на дојка, со
посебен фокус на breast MRI, скрининг кај жени со висок ризик и
персонализирана дијагностика.

Dr. Elisabetta Giannotti (University of Cambridge, United Kingdom) –
клинички и академски радиолог со значајно искуство во популациски
скрининг за карцином на дојка, имплементација на скрининг програми и
контрола на квалитет во breast imaging.

Нивното учество ќе овозможи споделување на меѓународни искуства и
најсовремени пристапи во скринингот и дијагностиката на карцином на
дојка.

Конференцијата е акредитирана од Лекарската комора на Република
Северна Македонија.

👉 Линкот за регистрација и деталната агенда на конференцијата се
достапни подолу. 👇

MSBR Annual Conference 2026